865
За време на викендов и тоа во попладневните часови локално ќе има нешто повеќе облаци, особено утре ќе има услови за локален краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер. Денес од северен а утре од југоисточен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени денес, и од 15 до 23 степени утре.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност, утре попладне локално ќе има повеќе облаци а има услови и за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени. Потоа услови за локален краткотраен дожд ќе има и на почетокот од следната недела.
Подготви: Славчо Попоски