Ковид-19 ја зеде и 100.000-тата жртва

by Fokus

Бројот на жртви на светско ниво од вирусот ковид-19 надмина 100.000 починати, покажува една од најажурните страници која го следи развојот на епидемијата – worldmeters.info. Според истиот извор, уште близу 50. 000 луѓе се наоѓаат во сериозна или критична состојба.

Најмногу починати од почетокот на пандемијата има Италија, 18.849 жртви. Потоа следат САД со 18.664 починати, каде растот на смртните случаи е толку голем што се очекува уште во текот на денов да ја надминат Италија. Шпанија е трета на црната листа со 16.081 починат, по што следи Франција со 13.197, Обединетото Кралство со 8.958, Иран со 4.232 и Кина со 3.336 починати. Само Кина, од оваа група на држави, нема пријавено нов смртен случај во последните 24 часа од овој извештај.

Поврзани новости