До крајот на денов во нашата држава ќе имаме сончево време со умерена облачност, во западните предели локално ќе има и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.
Потоа во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник од запад ќе започнат повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник и истите ќе се прошират на повеќе места. Максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат повторно во интервалот од 6 до 12 степени, но со тоа што во југоисточните предели истите има услови да се искачат до околу 14 степени.
Стабилизирање на времето ќе имаме во вторник, односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Максималните дневни температури како што веќе најавивме и тоа особено во најтоплите региони има услови да се искачат до околу 15 степени во текот на следната недела. Услови за повремен локален дожд повторно ќе има во среда.
Подготви: Славчо Попоски