Николоски: Заев не е во Давос, го канеа само кога требаше да го промени името

by fokus

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на Фејсбук го нападна претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека го канеле во Давос само кога требало да го смени името.

-Во Давос ги немаше ни Зоран Заев, ни Стево Пендаровски оваа година, немаше никој! Покана не доби ни техничкиот премиер Оливер Спасовски, ни екс премиерот. Ова е уште еден доказ дека светските лидери ни на крај памет не им е да седнат на иста маса со корумпиран политичар како Зоран Заев. Откако го промени името заврши блескавата дипломатска офанзива на Заев и неговата Влада. Додека требаше да го менува името го канеа во Давос. Да ги види Алпите и да се израдува дека е дел од светскиот политички крем. Го промени името, се искорумпира и завршија со него. Му заврши уоптребната вредност. Заев и Пандаровски го изгубија својот кредибилитет кај политичките лидери. Додека сме на 106 место во светот според индексот на корупција, рекордно најлошо, сме далеку од правиот пат…, напиша Николоски.

Поврзани новости