Во сабота, единаесетти мај, во Скопје ќе се одржи традиционалниот Виенски бал. Ова ќе биде 23-то издание на манифестацијата, која ќе се случува во хотелот Александар Палас, и која за првпат се одржа во 2000 година под покровителство на Австриската амбасада.
Настанот е еден вид на авангардна културно-музичка манифестација, со многу танцови точки, музицирање на оркестарот ,,Јохан Штраус”, елеганција и гости кои мораат да го испочитуваат задолжителниот дрес код – за дамите долга свечена тоалета, а пак за господата смокинг, темно одело или униформа.
-Co огромно задоволство ви го најавуваме и овогодишниот хуманитарен Виенски бал на 11-ти мај во Скопје! Традиционално организиран во хотел Александар Палас, со луксузна атмосфера, фантастична музика и хуманитарна мисија, ова е настан кој не треба да го пропуштите- наведено е на официјалната страница на настанот.
Балот има и хуманитарен карактер, а средствата од минатата година беа донирани на СОС Детско село.
На ланското издание, помеѓу бројните гости беа присутни и моделот и водителка Маријана Станојковска, моделот Дунавка Трифуновска и инфлуенсерката Агнеса Органџиева, а на балот доминираше црвената боја.
Водителка беше Вера Мештеровиќ.
Вики Клинчарова