Вие во бели мантили, ние во црни кошули, им порачаа битолчани на лекарите на протестот за Јана

by Fokus

„Ако немаш пријател умри си“, „Безгрешен доктор според ДЗСИ не постои“, „Запазени сите протоколи за смрт“, „Купената диплома слугува на ѓаволот“, „Вие во бели мантили, ние во црни кошули“, „Партизирано здравство, непријател на народот“, „Каде ќе ви оди душата“, „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат“, „Болниците ни се гробници“, „Утеха од доктори – Не е ни прво, не е ни последно“.

Ова се дел од транспарентите на вечерашниот протест на плоштад Магнолија во Битола, по повод ненадејната смрт на шестгодишната Јана Христовска.

Уште колку деца како Јана треба да починат, прашаа демонстрантите. Тие побараа надлежните да излезат во јавноста и да ја кажат вистината за смртта на Јана. Тие порачаа дека одговорност мора да има.

Јана почина на 22 март во битолската болница, откако и се влошила состојбата по примена инфузија. Државниот санитарен и здравствен инспекторат не утврди лекарска грешка, но семејството, а и целата македонска јавност сега ги чека резултатите од обдукцијата.

 

Поврзани новости