Заменик министерката за правда не може да дискутира за Барлет Џафери

by Fokus

Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, одби да одговори зошто на синот на Талат Џафери, Барлет Џафери, му било дозволено да полага правосуден испит пред да ги заврши студиите. Во вечерашното гостување на Топ тема на Телма, Аврамовска Мадиќ рече дека не ги погледнала документите, и покрај тоа што овој случај е во фокусот на јавноста веќе подолго време.

Денеска на Академијата за судии и јавни обвинители уверенија добија 58 академици, меѓу кои е и Барлет Џафери.

-Уставот на РМ на секој граѓанин му дава подеднакво право на образование, работа – рече заменичката на министерот.

На прашањето на новинарот зошто Министерството за правда не смогна сили да ги расчисти дилемите околу овој случај, Аврамовска Мадиќ немаше одговор. Новинарот додаде дека при запишување на Академијата, Барлет морал да поднесе диплома и праша зошто Министерството не ги побарало документите од Министерството за да се види кога синот на Џафери ја добил дипломата, заменик министерката рече:

-Јас не можам да дискутирам за документи кои не сум ги погледнала, прашањето ќе го адресирате до министерот кој потпишал да полага предвреме правосуден, доколку полагал предвреме правосуден испит – рече таа.

Фото: Телма

Поврзани новости