Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека постои недвосмисленост кај членовите на Владата да се расчисти прашањето во врска со Олександр Онишченко, и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот.
-Јас пред да тргнам на пат минатата саботата, бев присутен на седница на Влада, каде се разговараше за овој случај. Видов недвосмисленост кај членовите на Влада ова прашање да се расчисти и во делот на одговороноста, но и во делот на што понатаму со случајот. Јас очекувам дека институциите набрзо ќе постапат по експертските совети, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите во врска со случајот Олександр Онишченко и дали владата може да му го одземе државјанството.
Прашан за ставот во врска со случајот дека синот на висок функционер положил правосуден испит пред да дипломира, Османи порача до институциите да го расчистат случајот.
Како што рече, за да се има став по ова прашање, треба да се знае што точно се случувало и затоа ги поттикна надлежните да ги расчистат сите дилеми кои ги има во јавноста.