(Видо) Заложничка драма на аеродром во Хамбург: Вооружен маж ја држи авојата 4-годишна ќерка како заложник

by Fokus

Заложничка криза трае повеќе од 11 часа на аеродромот во Хамбург. На аеродромот маж на возраст од 35 години, синоќа со автомобил „ауди“ излета на пистата пред авионот, при што пукал со огнено оружје, но и фрлил два молотови коктели, додека ја држел својата 4-годишна ќерка како заложник.

Кризата започнала во 20 часот и 24 минути, а полицијата околу 23 часот воспоставила контакт со осомничениот.

Локалниот весник „Хамбургер морген пост“ утринава објави дека преговорите на барање на киднаперот се водат на турски јазик со помош на преведувач.

„Таткото и ќерката изгледаат неповредени“ – изјави портпаролот на полицијата во Хамбург.

Се вели дека полициски хеликоптери кружат околу аеродромот и ја проверуваат ситуацијата, а во еден момент киднаперот го префрлил автомобилот неколку метри подалеку.

Надлежните на аеродромот, кој се уште не е во функција, соопштија дека поради заложничката криза прекинати се шест полетувања и 21 слетување, а погодени се околу 3.200 патници.

Некои од патниците кои биле во авионите на пистата морале да останат во авионите до доцна синоќа.

Медиумите пренесуваат дека сопругата на осомничениот пријавила во полиција дека тој со детето брза кон аеродормот при што посочила дека се работи за можно киднапирање на дете.

Поврзани новости