285
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е постигнат напредок во обезбедувањето на таканаречената хуманитарна пауза во борбите меѓу Израел и Хамас.
На прашањето дали има некаков напредок по ова прашање, Бајден одговори „да“ додека ја напушташе црквата во Делавер, објави „Тајмс оф Израел“. Тој не дал други детали.
Претходно денеска, американскиот државен секретар Ентони Блинкен им изјави на новинарите во Аман дека хуманитарната пауза во борбите ќе помогне да се заштитат цивилите и да се зголеми помошта за опколениот Појас Газа.