Видеолотарија Касинос Австрија со донација за ССК МАГНУМ Богданци

by fokus

Видеолотарија Касинос Австрија преку донација во вредност 120.600 денари го поддржа ССК МАГНУМ Богданци. Оваа донација е дел од посветеноста на компанијата кон промовирање на вредностите поврзани со спортот и негување на спортската култура кај нас. Средствата од нашата донација, веруваме дека ќе придонесат за реализирање на спортските предизвици на клубот.

Само за потсетување, со донација од 1.167.391,00 денари, Видеолотарија Касинос Австрија придонесе да биде ставено во функција инклузивно детско игралиште во општината Карпош. Ова игралиште е прво од амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Годинава преку донација ваучер во вредност од 50.000 евра го поддржавме и фудбалскиот клуб Академија Пандев.

Видеолотарија Касинос Астрија како општествено одговорна компанија постојано се обидува да придонесе со низа активности, настојувајќи да одговори на молбите за поддршка кои пристигнуваат до нас.

Поврзани новости