565
Полугола жена со натпис на градите „Лажен миротворец“ истрача денеска пред конвојот на претседателот на САД, Доналд Трамп, пред Триумфалната капија во Париз. Додека возилата се движеја по испразнетиот Шанзелизе кон церемонијата каде се одбележува стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, жената ги прескокна барикадите и излезе на авенијата.
Радикалната феминистичка група Фемен од Париз соопшти дека стои зад инцидентот. Фемен често изведува шокантни перформанси против сексизмот, расизмот, хомофобијата и други негативни политички и општествени појави.