438
Бројот на загинатите при моќниот земјотрес во Мексико се искачи на 15 лица, соопшти локалната Форо-ТВ, повикувајќи се на податоци на претседателот Енрике Нието.
Земјотресот со интензитет од осум степени по Рихтеровата скала денеска го погоди Мексико.
Пацифичкиот центар за предупредување потврди дека е регистрирано цунами при што најголемиот бран бил 0,7 метри.
Епицентарот бил на 123 км југозападно од градот Пихихапан на длабочина од 33 км. Потресот бил почувствуван и во главниот ргад Мексико Сити.