ВИДЕО Заев: Реални се шансите Македонија да стане 30 членка на НАТО

by Fokus

Реални се шансите на есен Македонија да добие чиста препорака од ЕК. Реални се шансите Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство, истакна премиерот Зоран Заев.

– Ги почнавме процесите. Со зголемувањето на минималната плата, со надоместоците за земјоделците, за стечајците, со намалувањето на давачките, воведувањето на евтината струја, укинувањето на радиодифузната такса, со поддршката за претпријатија, со градењето институции во служба на граѓаните, градењето мостови со соседите, со реформските процеси што ги отворивме, низ инклузивен пристап, со шанса за учество на секој, со политиките на отворени врати кон нашите стратешки партнери ЕУ и НАТО, ја испративме пораката – ние можеме, знаеме и сакаме да бидеме подобри и заслужуваме да бидеме дел од иднината на напредниот, прогресивен свет – додаде Заев.

Поврзани новости