670
Новинар на агенцијата Демирорен Хабер Ајанси утрово известуваше од турскиот град Кахраманмарас за последиците разорниот земјотрес што го погоди југот на Турција и соседна Сирија, а за време на неговото вклучување во живо во програмата, се случи и вториот силен земјотрес со јачина од 7,7, степени по Рихтеровата скала.
Меѓу луѓето позади него завладеа паника, дел од нив скока од урнатините, а новинарот едвај успеа да остане на нозе.