Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, по серијата руски напади во кои има загинати или ранети цивили, повторно ги повика сојузниците на Киев да го зголемат притисокот врз Москва.
„Секој ден од војната покажува дека Москва е решена да продолжи со својата агресија. Овие луѓе немаат други намери, па затоа се обидуваат да ја зајакнат својата одбранбена индустрија, а тоа го прават со заобиколување на санкциите. Тие се повеќе ја ангажираат Северна Кореја, а Украина ќе биде принудена всушност да војува против Северна Кореја. Ова се околности во кои недостатокот на порешителна акција од партнерите кои ја поддржуваат Украина го охрабрува Путин дополнително да инвестира во теророт, но потребни се конкретни акции“, рече тој.
Each day of this war only proves one fact: Moscow is intent on continuing its aggression. This is why they’re attempting to increase their defense production by bypassing sanctions. It’s why they’re increasingly involving North Korea—and in a matter of days, North Korean soldiers… pic.twitter.com/VTEc9GeBIf
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 26, 2024
Зеленски потпиша закон со кој им се дозволува на странски државјани да служат во вооружените сили на Украина, вклучително и офицерски позиции, јави агенцијата „Укринформ“. Документот беше изгласан од Врховната Рада претходно овој месец.
Рускиот претседател, Владимир Путин, повторно предупреди дека ако Западот дозволи удари со долг дострел врз Русија, ќе се соочи со руски одговор.