ВИДЕО: Застрашувачки снимки од силниот земјотрес во Истанбул

by Fokus

Силен земјотрес од 5,8 степени според Рихтерова скала го погоди најголемиот туриски град Истанбул во околу 14 часот по локално време.

Епицентарот бил забележан на 66 километри од Истанбул, во Мраморното море на длабочина од 7 километри.

Многу граѓани во паника истрчале на улица.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како поедини згради се нишаат, а намирниците во супермаркетите паѓаат на земја.

Засега нема информации за жртви.

Поврзани новости