1.1K
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, вечерва објави дека е запален автомобилот на неговиот брат. Тој вели дека се пронајдени траги кои укажуваат дека пожарот е подметнат.
„Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил. Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин. Ја испрскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале“, напиша Јаулески на Фејсбук, објавувајќи и фотографии и снимки од инцидентот.
Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам, напиша Јаулески.