Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков објави видео на коешто се гледаат кавги меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и собранискиот спикер, Талат Џафери, а пратениците од опозицијата обвинуваат дека насилно се заклучени во Собранието.
-Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!, напиша пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков , на социјалните мрежи.
Пратениците се собираат околу пултот на Џафери и го прашуваат кој му дава за право да ги заклучува во Собрание, а тој им вика да се вратат на своите места и го споменува „Деловникот“.
-Автократот Талат Џафери кој ја узурпираше позицијата претседател на Собрание ги исклучи микрофоните поради што ќе има тонски запис само од неговото обраќање. Спротивно на деловникот тој денеска неколкупати ги заклучи вратите од собраниската сала за да не можат пратениците кои што се надвор од нејзе да влезат и да се пријават за збор. Ова е срамота, насилие, напиша пратеникот Бојан Стојановски.