Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на сопственикот на познатиот ланец на продавници за детски играчки „Џамбо“.
Како што информираат грчките медиуми, дваесет и четиригодишниот Џорџ Вакакис возејќи со голема брзина со автомобил од марката Порше на неговиот татко, удрил во паркирано возило Хонда, во кое што на самото место загинале трисетитригодишна жена и нејзиното тригодишно дете. Сопатникот на Вакакис кој што сеуште не е идентификуван, исто така загинал излетувајќи низ шофершајбната.
Возачот на автомобилот во кој што удрил младиот Вакакис се паркирал на кратко и заминал во тоалет, додека неговата сопруга и детето останале внатре.
Кога го слушнал силниот удар, истрчал надвор, но не бил во состојба да им помогне на жртвите, бидејќи и двата автомобили биле во пламен.
Настанот се случил вчера, во раните утрински часови на автопатот Атина – Ламија, на околу 80 километри оддалеченост од Атина. Според очевидци, автопатот бил влажен.
Видео од надзорните камери на кое што се гледа стравотниот удар веќе е објавено во повеќе светски медиуми.
Вики Клинчарова