557
„Живот без насилство е право, а не привилегија“. Ова е пораката на Зорица Заева, покровител на денешната дебата „Заедно против насилство врз жените“, која се одржа во Струмица, организирана од страна на Организација на жени од Струмица.
Заева повика на гласност и одлучност кога зборуваме за насилство врз жените, истакнувајќи дека никој нема да биде запоставен.
На дебатата присуствуваше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која ја истакна важноста од ратификација на Истанбулската конвенција, а која во моментот е во процедура во Владата на Република Македонија.