АЛСАТ М: Во понеделник извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ за оставката на Груевски?

by fokus 16:39
16:39

Молк во ВМРО -ДПМНЕ по најавата на Никола Груевски дека по речиси 15 години планира да се повлече од лидерската позиција во партијата. Како што објави Алсат М, повикувајќи се на свои извори, седницата на извршниот комитет, на која ќе се разговара за ова прашање најверојатно е закажана за в понеделник.

Телевизијата не добила официјална потврда на оваа информација.

Во Статутот на ВМРО- ДПМНЕ не е предвидено како се постапува доколку претседателот на партијата поднесе оставка. Централниот комитет, кој е највисок орган меѓу два конгреса, има право да ги разреши потпретседателите, генералниот секретар или членовите на извршниот комитет, но не и првиот човек на партијата. Ова ја остава отворена можноста оставката на Груевски да биде одбиена.

- Advertising -

 

Поврзани новости