По средбата со Карен Пирс , политичка директорка при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство заедно со претставници на парламентарните партии ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, даде изјава од име на новото парламентарно мнозинство.
-Секако, сите лидери заедно на политичките партии, во отсуство на господинот Зијадин Села, а во присуство на неговиот сопартиец и пратеник господинот Весел, разговаравме за идните перспективи на Македонија како парламентарното мнозинство односно лидери зад кои стојат 67-те потписи што се доставени до господинот Иванов и кои се во исчекување на добивање на мандатот. Нашето место е во НАТО и ЕУ, Велика Британија тоа го знае и како респектабилен член на НАТО алијансата може да биде од огромна помош во делот од разговорите за отстранување на ветото кое го имаме од нашиот јужен сосед, за колку што е можно побрзо членство во НАТО, изјави Заев.