Пирс: Идната влада треба да раководи во име на сите граѓани, а опозицијата да биде силна и лојална

by fokus 20:09
20:09

Идната влада на Република Македонија треба да раководи во име на сите граѓани, а опозицијата треба да биде силна и лојална, изјави политичкиот директор при министерството за надворешни работи на Обединетото кралство, Карен Пирс.

Пирс, која денеска во Собранието оствари средба најпрвин со новиот спикер Талат Џафери, а веднаш потоа и со лидерите на партиите од парламентарното мнозинство рече дека дошла во земјава за да „даде поддршка на демократијата, на македонските граѓани и на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ“.

- Advertisements -

-Тука сум за да и дадам поддршка на вашата земја, на идната влада и на граѓаните. Подготвени сме да работиме со новата влада за сите прашања, за демократските процеси, за евроинтеграцијата, рече Пирс по состаноците во Собранието.

 

Поврзани новости