Поранешниот македонски премиер Зоран Заев со мотоцикл од 1.600 кубика пристигна на форумот во Делфи, пишува грчкиот портал „Вориа“.
Според изјавата на Заев, тој изјавил дека на 22 април тргнал од Скопје и поминал низ области во западна Грција, а потоа отпатувал во областа Пелопонез, за да стигне до Делфи, каде на утрешниот форум ќе биде еден од говорниците.
Тој изјавил дека по Делфи, патувањето ќе го продолжи кон Солун, па потоа ќе замине на Халкидики. Според видео снимките, заедно со Заев кај јужниот сосед е и екс министерот за здравство, Венко Филипче.
Новинарите од грчкиот медиум го прашале Заев дали за време на посетите на Грција се среќава со луѓе кои се уште се против Договорот од Преспа, тој вели дека многу Грци му велат дека задоволни за Договорот, додека други му велат не им се допаѓа Договорот.