(ВИДЕО) Заев: Европа е најсекси дама во светот!

by Fokus

Веруваме во европските вредности и можеме многу да дадеме на Европа, изјави премиерот Зоран Заев на форумот Европа – Вахау, во Австрија. Заев додаде дека Европа мора да ги отвори вратите и дека очекува до крајот на оваа година земјава да добие датум за почеток на преговорите.

-Сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја. Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна дама во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец“, рече Заев.

Видео – ТВ21

Поврзани новости