Разговорите течат со сите политички партии. Јас се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за граѓаните на Република Македонија и за нашата заедничка земја. Драго ми е што во тој дел работите се движат во позитивен правец, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Зијадин Села, лидер на Движењето за промени во ДПА , која се одржа во Тетово.
– Верувам дека денеска, утре ќе почнеме да разговараме нешто и за ресорите и имињата, за да можеме преку вас да ги информираме граѓаните. Задоволен сум како течат работите, мене ми е драго што господинот Села е поздрав, за да можеме да влеземе во разговори со Алијансата за Албанците, така што, за сèшто ќе има ново веднаш ќе ве информираме – рече Заев.
На прашањето, кога да чекаме Влада, Заев рече дека би сакал уште утре таа да биде составена.
– Правиме напори, ако не друго, заради Брисел, но верувам дека поважен е квалитетот, поважно е тоа што е интерес на граѓаните да биде сушествено се договорено, за да можеме предлогот да го испорачаме до Собранието на Македонија – рече Заев.