СДСМ: Никола Груевски ќе прави увид единствено во доказите против него

by fokus

Никола Груевски ќе прави и увид и отчет за доказната документација против него, посебно што и официјално се сомничи за перење пари како и за 25 милионската провизија само за автопатот Миладиновци – Штип, за којашто слушнаа граѓаните во проектот Вистината за Македонија, велат денеска од СДСМ откако СЈО отвори три нови случаи.

-Појавувањето на Груевски на автопатот за којшто тој се товари за местење тендер е одраз на фактот дека виновникот секогаш се враќа на местото на кое го сторил делото. Во Македонија промените се почнати и никој повеќе, ниту Груевски, не може ниту да сокрие, ниту да избегне соочување со правдата. Тоа што само во последното деноноќие има две сообраќајни несреќи на патишта поради тоа што нема наместени мрежи за животни, а Груевски договарал милионски провизии по автопат што ги сместувал на своите сметки, ја покажува огромната негрижа на овој човек за граѓаните цели 10 години. Неопходно е чесните и одговорни членови, поддржувачи и пратеници на ВМРО ДПМНЕ да се оградат од непресметливите потези на Никола Груевски и на криминалното раководство на партијата и како конструктивна оппзиција, во интерес на државата и граѓаните да ги поддржат потребните реформи што ќе ги спроведе новата Влада, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека новата реформска Влада ќе изгради модерна и безбедна патна инфраструктура според сите законски и современи процедури во интерес на граѓаните на Р.Македонија.

Поврзани новости