Српскиот претседател Александар Вучиќ објави ново видео во кое вели дека бил на тераса додека траеле нередите.
„Јас сум тој што бев на терасата, бев во Претседателството, на моето работно место и воопшто не се уплашив од вас и нема да дозволам да ја уништите Србија“, порача Вучиќ.
Началникот на полициската управа на српската полиција, Ивица Ивковиќ денеска изјави дека при синоќешните инциденти и обидот за насилен влез на бунтовници во просториите на Градското собрание, припадници на Министерството за внатрешни работи кривично гонат 38 лица, прибирањето докази продолжува и оваа бројка сигурно ќе се зголемува во текот на денот.
Тие се товарат за обид за насилна промена на уставното уредување и насилничко однесување. Дачиќ истакна дека припадниците на Министерството биле крајно воздржани и го издржале нападот цели три часа.