На прес конференцијата по соопштувањето на изборните резултати во Србија, Ивона Талеска постави прашање до српскиот премиер Александар Вучиќ, но пред да го направи тоа му се заблагодари што Србија го екстрадирала новинарот Зоран Божиновски, бидејќи, како што рече таа, тој им правел проблеми на новинарите во Македонија. Вучиќ ја прекина и и рече:
-Се знам, само немојте да држите пропаганда само на едната страна во Македонија, ние постапивме по законот.
По ова, Талеска го постави прашање до српскиот премиер кое беше дали Србија е подготвена да соработува на безбедносен план, не само поради мигрантската криза туку и поради улогата на невладините организации.
-Србија не се мешаше никогаш во внатрешните работи на Македонија, со ништо не сме му нашетиле на нашиот братски народ, се надевам дека ќе најдете доволно снаги сами да ги решите своите проблеми,одговори Вучиќ.