ДИК го стави избирачкиот список на јавен увид

by Фокус

Државната изборна комисија во подрачните одделенија и месните и канцелари го стави избирачкиот список на јавен увид, кој ќе трае во следните 15 дена.

Воедно, ДИК преку МНР ги доставува до дипломатско-конзуларните претставништва посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган за ставање на јавен увид.

ДИК го заклучува Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, најдоцна 10 дена по завршениот јавен увид, односно најдоцна до 19 мај.

Поврзани новости