ВИДЕО: Вработена во суд зема мито за укинување на пресуда

by fokus

Скандалозно видео на кое се гледа како наводно вработена во скопскиот суд договара и зема поткуп за промена на пресуда, објави порталот Досие МК. 

Според порталот, жената која ги зема парите е вработена во одделот за стопански спорови, и од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6.500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне, односно да биде укината. Семејството се согласило да и даде пари, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење, пишува порталот.

На видеото ликот на осоминечната е замаглен и се гледа како таа во автомобил ги добива парите на рака. И самата внимателно погледнува наоколу дали некој ја снима.

Според порталот видеото тука не застанува, во него има и дел каде што вработената во судот споменува и имиња на судии кои одлучувале по предметот, но тој дел не е објавен. За нив странките тврделе дека никогаш не побарале, ниту земале пари, ниту пак имале некаква поврзаност со осомничената. Според извори на порталот таа и друг пат била замешана во слични нелегални активности.

Поврзани новости