(ВИДЕО) Вработена во дом за стари лица во Косово тепа жена

by Fokus

Во Косово се појави вознемирувачка снимка од дом за стари лица во градот Пеќ, на која се гледа како млада работничка, негувателка или медицинска сестра, малтретира и тепа стара жена, сместена на домот.

Настанот се случил пред неколку дена во приватниот дом во Пеќ. На видеото се гледа како вработената ја удира по главата повозрасната жена. Нејзината колешка во првите моменти од насилството сака да ја отргне од намерата, но таа продолжува да ѝ удира шлаканици на жената.

Портпаролот на полицијата на Пеќ, Фадиљ Гаши вели дека медицинските сестри се уапсени на работното место, денеска околу 14 часот. Тие се осомничени дека сториле кривично дело „насилство“ и кривично дело „помагање во извршување на кривичното дело насилство“. Снимката прва ја објави актерката Каљтрина Зенели.

а

 

 

 

Поврзани новости