Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради природната непогода во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за да се избегне исчезнување на еден од најубавите градови на светот. Медиумите јавуваат за две загинати лица.
„Катастрофата што ја погоди Венеција е удар во срцето на нашата земја. Тешко е да се гледа градот во таква состојба, неговото уметничко наследство е во ризик, а комерцијалните активности се на колена“, рече премиерот Џузепе Конте, кој дојде во градот.
Порастот на нивото на морето во комбинација со ударите на силните ветришта и дождот го потопи речиси целиот град.
Поради поплавите во градот нема електрична енегија, а водата навлезе во базиликата на плоштадот Свети Марко, во продавниците, рестораните, хотелите.