(ВИДЕО) Весковски: Стевчо Јакимовски продолжува со расипничкото трошење спротивно од интересите на граѓаните

by Fokus

„Градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски продолжува со расипничкото трошење на парите на граѓаните и ресурсите на Општината, тврди Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

– И покрај силното противење на советниците од СДСМ, Советот на општината, по нарачка на Јакимовски, преку советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, одлучи да подари 450 м2 пластицифиран лим на Јавното претпријатие Јасен за санација на неколку економски објекти на претпријатието. Овој лим е купен со пари на граѓаните на Карпош и служи за замена на старите и штетни азбестни покриви на колективни и индивидуални станбени објекти кои се наоѓаат исклучиво на територијата на Општина Карпош – истакна Весковски.

Според него, со донираниот лим можеа да се заменат покривите на неколку индивидуални куќи во општината и да се заштити здравјето на неколку семејства, но и овој пат Јакимовски покажа дека личните интереси му се далеку над интересите на граѓаните.

Поврзани новости