Новите шефови на УБК и БЈБ познати најдоцна до петок

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се очекува утре или најдоцна до петок, Владата да ги разреши старите и да ги избере новите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Како што рече Заев, сè уште траеле консултациите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со кандидатите за директори на најважните организации во рамките на МВР.

„Верувам дека во четврток или петок ќе ги избереме на владина седница. Сè уште министерот кој е овластен предлагач до Владата, прави консултации со самите луѓе. Штом ќе пресече и конечно ќе одлучи, ќе ги предложи на Владата, па после и Владата ќе дебатира“, изјави премиерот.

Според законите за внатрешни работи и за полиција, директорите на УБК и БЈБ ги именува и разрешува Владата, на предлог на министерот за внатрешни работи.

Поврзани новости