Почетокот на учебната година е одложен за први октомври поради пандемијата на корона вирусот во Северна Македонија.
Дел од средношколците вчера попладне беа прилично гласни во своите барања и порачаа дека се против онлајн настава, но вечерва сме сведоци на нешто сосема друго.
1 СЕПТЕМВРИЕве кај ви се средношколциве, мизерија!!!
Publiée par Нина Бојаџиска sur Mardi 1 septembre 2020
На социјалните мрежи кружи видео од забава во кафулиња од Трговскиот центар Бисер во Скопје, а присутни се млади луѓе, без никакво почитување на мерките и со ладна глава се журкаат, однесувајќи се како вирусот да испарил.
Нешто слична беше ситуацијата на почетокот на пандемијата, кога Владата ја прекина учебната година, па најмладите се префрлија по кафулињата и дискотеките, искористувајќи го тој момент на слобода.