Од денес освежување на времето и северен ветер – детали

by Frosina Fakova

Денес времето ќе биде умерено облачно и посвежо со сончеви периоди. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа во текот на следните денови ќе се задржи претежно стабилно и суво време, повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Само утре ќе има услови за попладневна, ретка изолирана појава на нестабилност. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости