(Видео) Ванковска од Струмица: „Ќе бидам претседател на сите сиромашни и обесправени“

by Fokus

Професорката Билјана Ванковска, која е кандидатка за претседател на Левица, кампањата под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна од Струмица.

Таа порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви, како што рече, има и меѓу Албанците, и меѓу Ромите, и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите.

-Ние сме сите по таа класна основа обесправени, без оглед што јас доаѓам од привилигиран слој на академска фела, но овој систем е неправеден и кога некој ќе ме праша што е среќа, дајте дефиниција на среќа, во американскиот Устав има формула да трагаш по својата среќа. Како да бидам среќна ако моите сограѓани се несреќни. Како да бидам среќна кога просат по улици, како да бидам среќна кога денес пред штабот ме запира човек бездомник. Ние сме несреќни и со право мораме да бидеме гневни, рече Ванковска.

Додаде дека битката не е само нејзина, туку е на сите и повика на 24 април масовно да се излезе на гласање.

Поврзани новости