(Видео) Ванковска од Штип: Првиот чекор што ќе го преземам е раскинување на договорот со Бугарија

by Fokus

Претседателскиот кандидат од Левица, професорката Билјана Ванковска денеска од Штип порача дека ако стане претседателка на државата, првиот чекор што ќе го преземе е раскинување на договорот со Бугарија.

„Првиот чекор, што е и наједноставно, дури се чудам зошто досегашните властодршци не го направија е да се раскине договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата на таа страна веќе го надминаа тој договор како таков, веќе се преточија во Француски предлог и преговарачка рамка. Нас не не чини ништо да постапиме по членот 13, да поднесеме една нота за раскинување и после да почнеме да ги препреговараме позициите. Ние немаме проблем со бугарскиот народ туку со бугарската Влада, која впрочем не може ниту да се конституира“ рече Ванковска.

И покрај тоа што анкетите покажувале дека граѓаните се жалат на сиромаштија, невработеност и корупција, таа вели дека на средбите со нив, покажале дека ги боли националното. Поради тоа Ванковска нагласи дека им ветила на граѓаните оти ќе биде кандидат кој што ќе ја зборува вистината колку и да е непријатна или звучи радикално.

Поврзани новости