541
На унгарскиот еврокомесар Оливер Вархеји микрофонот му остана вклучен при заседавањето на Европскиот парламент вчера, па по еден од неговите говори можеше да се слупне како на унгарски вели: „Уште колку идиоти има?“
Еврокомесарот на ЕУ за проширување одговараше на прашања на европарламентарците за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан. Вархеи, одговарајќи на прашање на хрватските европарламентарци Жељана Зовко и Томислав Сокол, по седнувањето на место заборави да го исклучи микрофонот и рече:
„Уште колку идиоти има?“, веројатно мислејќи на останатите европарламентарци.