Украинскиот панк бенд „Beton“ преработи песна на британската рок група „The Clash“. Познатата „London Calling“ била инспирација за песната „Kyiv Calling“ со цел да се опеат настаните во Украина и да соберат средства за невоените операции.
Тие се надеваат дека на овој начин ќе помогнат да се соберат средства за невоените операции на Движењето за отпор на Слободна Украина (ФУРМ). А како што истакнале од ФУРМ, „The Clash“ се согласиле да ги донираат сите собрани хонорари на одделот за комуникации на движењето.
Тричлениот бенд, составен од архитект, ортопед и бизнисмен, сними преформулирана верзија на хитот „London Calling“ на рок групата „The Clash“ од 1979 година во студио во градот Лавов на западниот ден на Украина.
– „London Calling“ е олицетворение на сето ова и ние сме многу среќни што можеме да ја преземеме оваа култна класика и да ја претвориме во наша сопствена химна со ново значење“, заклучиле од ФУРМ.