Германски министер со порака: Јадете помалку месо за борба против Путин

by fokus

Германскиот министер за земјоделство, Џем Оздемир им порача на граѓаните да јадат помалку месо откако се поголем е проблемот со увозот на намирници поради санкциите кои и се воведени на Русија.

Еден од главните проблеми на Германија, откако и воведе санкции на Русија е цената на гасот, а се поголем проблем станува и цената на различни намирници.

Германскиот министер, политичар кој инаку се залага за веганство и намалување на консумацијата на месо, како стратегија за борба против можниот глад предложи да се намали консумацијата на месо, најгласувајќи дека тоа би било и добар одогвор на Русија.

Тој им порача на граѓаните да јадат што помалку месо и да фрлаат што помалку храна, и со тоа да придонесат во борбата против Русија која залихите на храна, кои инаку би ги извлезувала да не и беа воведени санкции, ги користи како оружје алудирајќи на извозната моќ на Русија во Европа.

– Без оглед на тоа што сум јас вегетаријанец, нема да ве убедувам да станете вегетаријанци. Но, ајде вака да ги поставиме работите, намалувањето на консумацијата на месо ќе придонесе за борбата против Путин, рекол министерот.

Заменик претседатеот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев го исмеа апелот на германскиот министер.

-Долу месото и колбасите, напиша Медведев исмејувајќи го.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова исто така ја прокоментира стратегијата на германскиот министер.

-Штета што тука запре. Населението сепак мора и помалку да дише за да продонесе во борбата против загадувањето, и добро, во борбата против Русија, рекла Захарова.

Фото: ЕПА

Поврзани новости