382
Повеќе од 50 китови угинаа неколку часа откако беа исфрлени на брегот во Западна Австралија, соопштија денеска официјални лица. Околу 100 пилот-китови се насукаа на плажата на околу 400 километри југоисточно од Перт.
Државната служба за паркови и диви животни соопшти дека работи со волонтери за да ги спаси 46-те преживеани китови.
Надлежните соопштија дека има доволно доброволци, апелирајќи до јавноста да не доаѓа на плажата.
Се предупредува на низа опасности, вклучително и присуство на големи, вознемирени и потенцијално болни китови, како и ајкули.