Новинарот Хаиме Васкез (54) е убиен во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела, а се претпоставува дека причината е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.
Тој беше адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х.
En Cúcuta continúan tras la pista de los responsables del asesinato del veedor ciudadano Jaime Vásquez. Mantienen una millonaria recompensa por información.
Más en https://t.co/yqNEZK7rZ3 pic.twitter.com/HMVs5HuF4D
— Noticias Caracol (@NoticiasCaracol) April 16, 2024
Претседателот нареди „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.
Доказите, во форма на видео снимки, објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хамес Васкез бил убиен во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.
Новинарот правеше емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборуваше за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.
Негови пријатели рекле дека тој постојано добивал закани поради неговите откритија.
Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.
Според нивните податоци, дури 163 новинари добиле закани во текот на 2023 година.