Тошковски во Одделот за организиран криминал: Распоредувањето и унапредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи каде оствари работен состанок со поширокото раководство.

На состанокот министерот беше запознен со структурата на Одделот, делокругот на работа и тековните активности и во овој дел беше информиран дека од нивна страна извршено е мапирање на критичните места за евентуални изборни нерегуларности. Исто така, беа посочени определени предизвици со кои се соочуваат од аспект на формално-правната поставеност на Одделот, систематизацијата на работните места и организациската поставеност на единиците.

„Можам да констатирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал согласно спецификите на работата која ја извршува треба да биде организациска единица каде работат најдобрите и најискусни полициски службеници и распоредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем, а не било каква припадност и во таа насока во наредниот период треба да се направи кадровско реструктуирање според однапред определени објективизирани критериуми“, истакна министерот Тошковски.

Поврзани новости