Полицијата во Израел денеска уапсила петмина ортодоксни Евреи осомничени дека плукале по христијанските верници во Стариот град во Ерусалим.
На видеото кое е објавено пред два дена, може да се види како група христијани ја напуштаат црквата носејќи дрвен крст. Покрај нив поминува група религиозни Евреи, па некои од нив плукаат на земја во правец кон христијаните.
Ultra-Orthodox Jews were filmed spitting on Christians and churches in the Old City of occupied Jerusalem.
On October 4, Israeli police said they arrested five suspects and formed a special team to deal with growing complaints of hostility against Christians
Read more:… pic.twitter.com/BPu1dYH0kL
— TRT World (@trtworld) October 4, 2023
Инцидентот доби осуди од премиерот Бенјамин Нетанјаху, но и од ултраортодоксните еврејски политичари, кои ја отфрлија идејата дека плукањето е еврејска традиција и верски императив.