Силни партиски притисоци и закани со казни од 20 отсто на плата, трпат вработени членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, за кои императивно е присуството на Годишното Собрание, што во недела ќе се одржи во Скопје, а на кое се очекува свое обраќање да има експремиерот и лидер на партијата, Никола Груевски, пишува Цивил.
Според сознанијата до кои дојде ЦИВИЛ од граѓанските новинари, директори на јавни претпријатија и основни училишта ги повикуваат вработените членки на Унијата, според претходно подготвени партиски списоци.
„Ги информираат дека нивното присуство на Годишното Собрание на Унијата на жени од ВМРО ДПМНЕ е задолжително, а тие пак даваат согласност. Иако превозот им е организиран, сите собираат по 500 денари со кои ќе си ги платат дневните трошоци во Скопје“, велат изворите на Цивил.
Утринава околу 10 часот, тргна голем конвој од автобуси со мобилизираните членките на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и околината.