Шилегов: Прочистувањето на Избирачкиот список зависи од волјата на ДПМНЕ

by Фокус

Петре Шилегов од СДСМ при денешната посета на опожареното семејство во Шуто Оризари рече дека СДСМ очекува конечно искрен пристап од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ во рамки на работните групи како би можела да се усогласи методологијата за да може ДИК конечно да започне со постапката за прочистување на Избирачкиот список.

-СДСМ, како што знае целокупната македонска јавност, во цело времетраење на разговорите, преговорите и договорите во работните групи е единствената афирмативна политичка партија. Другите политичките партии, особено ВМРО-ДПМНЕ знаете и самите дека директно од посредникот во преговорите и диполоматските кор се обвинети како луѓе кое кои го бојкотираат процесот на имплементација на Пржинскиот договор, рече Шилегов.

Тој додаде дека СДСМ нема да се откаже од  целосна теренска проверка на Избирачкиот список, бидејќи парцијални решенија не можат да доведат до целосно прочистување на Избирачкиот список, со што ќе се доведе до прашање кредибилноста на изборите.

Поврзани новости