Тројца Руси минатата недела поставија светски рекорд скокајќи со падобран од земјината стратосфера до Северниот пол во мисија која послужи и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска Никита Цаплин, организаторот на тој потфат.
Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од леталото Иљушин-76 на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата, а се е снимено во спектакуларно видео.
Сите тројца падобранци и покрај загреаните маски се премрзнале на образите. Тие скокнаа од авионот и паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, со температура од околу -50 степени Целзиусови, со чувство од -70 степени Целзиусови, изјави Цаплин.